Бројот на охридската пастрмка е намален за десетици пати во периодот на независна Македонија. Прекумерниот риболов е еден од факторите што може да доведе до истребување на овој вид, а истражувања покажуваат и ризик од хемиско загадување во услови на несоодветна институционална заштита
Од slobodnaevropa.mk известуваат дека според мониторингот на Хидробиолошкиот институт во Охрид, популацијата на охридската пастрмка во изминатите 30 години е намалена за 20 пати, тренд кој е поврзан со прекумерен риболов и загадување на водите на Охридското Езеро.
Криволовството и несоодветната контрола претставуваат опасност, но научни истражувања истовремено покажуваат дека овој ендемски вид (Salmo Letnica) е загрозен и од загадувањето на водите на Охридското Езеро .
Никола Паскали секојдневно нурка во Охридското Езеро. Тој вели дека во водата често забележува мрежи и друг риболовен алат, а се помалку риба поради прекумерниот лов.
„Охридска пастрмка има во рестораните во Охрид, може да се нарача и во скопските и во рестораните низ цела Македонија за преку 2.000 денари килограм. Инаку, ние охриѓаните овде јадеме плашици и грунци и сме среќни со тоа. Пастрмка јадеме три пати годишно, а се случува да сакаме да купиме, а да нема, поради лошото управување со целиот овој резерват“, вели Паскали.
Популацијата на охридската пастрмка континуирано се намалува од почетокот на 90-те години на минатиот век, според мониторингот на Хидробиолошкиот институт во Охрид.
Основна мерка за зачувување на популацијата на охридската пастрмка е порибување на водите на езерото со подмладок, велат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Целиот текст можете да го најдете ТУКА