Јапонскиот оперски пејач Казухиро Котецу објави уште едно видео во кое ја пее познатата македонска песна „Едно име имаме“.
Тој досега има објавено многу видеа на кои пее познати македонски песни, како „Македонско девојче“, „Ако умрам ил загинам“, „Болен ми лежи Миле поп Јорданов“, „1762 лето“ и многу други.
Котецу е еден од најголемите афирматори на Македонија во време кога таа преживува бројни историски неправди. И заслужува Министерството за култура на Македонија, кое годишно троши многу пари за безначајни проекти, да го покани овој истакнат јапонски оперски пејач да биде гостин на Македонија, за која пее од срце.
Котецу работи во операта во Токио, а е познат како пријател на македонскиот тенор Благој Нацески.
Слушнете го и погледнете го видеото со песната „Едно име имаме“ ТУКА.
извор: denesen.mk