Владата во Данска денеска соопштила дека поради поскапувањето на струјата и греењето, стапката на инфлацијата пораснала за 6,7 проценти во април, што е најмногу уште од 1984-та година.
Индексот на потрошувачките цени во март изнесувал 5,4 проценти.
Големи се промените во цената на стоката коа во просек е поскапа за 10,3 проценти, што е најмногу од 1982-ра година, укажала Статистичката служба на Данска.
Кога ќе изземат цените на енергентите, основната стапка на инфлацијата изнесува 3,6 проценти, што таа служба ја наведува како највисока од 1990-та година.
На нејзиното зголемување во однос март влијаеле поскапувањата на тутунот и изнајмувањето на викендички.