Конференцијата HR Experience, во организација на водечкиот сајт за вработување во Србија Poslovi Infostud кој е и партнер на Vrabotuvanje.com , ќе биде одржана по четврти пат, на 26-ти Мај во Хотел Метропол, Белград. После минатогодишното виртуелно издание, овој пат конференцијата во живо ќе ги собере глобално познатите HR стручњаци и говорници, како и водечки регионални имиња од доменот на човечки ресурси.
На конференцијата ќе бидат дискутирани овие прашања: Кои се новите трендови за вработување? Кои се најатрактивните карактеристики на работодавачите? На конференцијата ќе има и експерти кои ќе зборуваат на темата четиридневна работни недели и емоционалната исцрпеност. Покрај тоа, ќе се зборува со какви се промени и прилагодувања на пазарот на трудот, мораме да се навикнеме како на глобално така и на домашно ниво.
Програмата на настаните ќе се фокусира на промовирање и презентирање на HR актуелности, како преку говорниците, така и преку размена на практични искуства и знаења со учесниците. Веќе се познати првите говорници на конференцијата, а посетителите на настанот HR Experience ги очекува Skip Bowman, водечки експерт за развој на лидерството и за „growth mindset“, кој на своето предавање темелно и со доза на хумор ќе претстави алатки кои им помагаат на лидерите да ги препознаат моделите на однесување и да го ослободат личниот потенцијал. Објаснувањето за тоа како технологијата и науката влијаат врз идентификацијата на лидерството ќе го води Dr Tomas Chamorro-Premuzic, експерт за психолошко профилирање и управување со таленти. Според неговото истражување, вештачката интелигенција (AI) и големите податоци можат значајно да послужат за идентификување и развој на лидерски таленти. Меѓународно признатиот стручњак за бихејвиорална наука Tom De Bruyne, на конференцијата ќе зборува за навиките на високоефикасните тимови и за тоа што е потребно за да се формира таков тим.
Покрај предавањата на говорниците на конференцијата HR Experience, ќе бидат претставени и петте најдобри домашни практики за човечки ресурси од 2021 година, преку проектот „Успешни HR приказни“. Така, учесниците на конференцијата ќе имаат единствен увид во креативната и ефективна примена на човечките ресурси на домашен терен, а исто така и како да ја подобрат својата компанија во очите на кандидатите. Овогодинешни учесници се:
- Atlantic Grupa „Sharing is caring“
- Endava „Engagers klub“
- Erste Bank „Smart Employee Growth Assistant“
- Levi9 TS „Hacker burger kampanja – првиот оглас за работа кој се јаде“
- OTP Banka „Со ротација до успех“
- Playrix "Wellbeingscapes"
ПРИЈАВЕТЕ СЕ! И бидете дел од едно поинакво HR искуство! Овде погледнете ја ПРОГРАМАТА