Управата за јавни приходи објави најнова Листа на должници бр.05/2022 за долгови доспеани до 31.01.2022 и неплатени до 30.04.2022 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:
1. повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
2. повисок од 300.000 денари за правните лица.
На Листата на должници бр.05/2022 објавени се 1.652 должници – правни лица (повеќе за 84 од претходната листа) и 3.203 физички лица (повеќе за 69 од претходната листа)
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.05/2022 изнесува 8.378.452.476 денари, повеќе за 380.106.285 денари од претходната листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 8.178.991.641 денари (повеќе за 404.167.984 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 199.460.835 денари (помалку за 24.061.699 денари од претходната листа).
извор: biznisinfo.mk