Перу, третата јужноамериканска држава по големина, зафаќа површина од околу 1300 милиони km2, позиционирана меѓу Еквадор, Бразил, Колумбија, Боливија и Чиле и секако моќниот Пацифик на запад. Површината на оваа држава е околу 50 пати поголема од површината на Македонија. Целата Перуанска територија припаѓа на Андите и Амазонија.
На само 3 часа од градот Куско, планината Виникунка или позната како Планина на виножитото неодамна стана главна атракција кај туристите и место со кое што локалците се гордеат. Како што е познато, планината е значајна по својата природна и разнобојна убавина која се наоѓа на неверојатни 5200 метри надморска височина. Нејзиниот изглед кој што наликува на виножито е создаден со таложење на минерали низ целата област давајќи и на планината тиркизна, лаванда, златна и други бои. Причините поради кои се гледаат боите на виножитото на планината Виникунка во голема мера се должат на атмосферските влијанија и минерологијата.
Црвената боја на седиментните слоеви често укажува на ‘рѓата на железниот оксид како минерал. Оние седименти кои што се богати со железо, ја променуваат својата боја кога се изложени на кислород и вода. А, сето ова, во комбинација со издигнувањето и движењето на тектонските плочи, овозможува навалување на седиментните слоеви и изложување на развлечените стратиграфски интервали. Делувањео на гетитот или оксидиранот лимонит воведува кафеаво обојување на песочниците, а пак светло жолтата боја се должи на железниот сулфид како минерал во трагови на порцементот. Покрај тоа, хлоритот честопати обојува седименти со различни нијанси на зелена боја, зависно од дијагенетската историја и концентрацијата.