Проверката на вредноста на недвижнините за кои нема комплетни податоци, или има податоци кои не се совпаѓаат, ќе се врши теренски.
Првите проценети вредности на станови во рамките на масовната процена на недвижнините Агенцијата за катастар на недвижнини ќе ги изработи кон крајот на оваа година.
„Одделението за воспоставување модели за масовна процена на недвижности ќе работи на изработка на прелиминарен модел за вреднување на станови кој ќе биде тестиран во една урбана општина, па така до крајот на 2018 година се очекува да се добијат и првите вредности на становите во одредена општина на територијата на Република Македонија“, се наведува во Годишната програма.
Проверката на вредноста на недвижнините за кои нема комплетни податоци, или има податоци кои не се совпаѓаат, ќе се врши теренски.
„По завршување на канцелариските контроли на локацијата и на типот на објектите, контролите на цената во договорот со цената која е проценета од страна на општините, во текот на 2018 година ќе се започне со теренски контроли на недвижностите кои се дел од трансакциите за кои податоците не се верифицирани од причина што постои недоволен број податоци во изјавите, кога постои голема разлика помеѓу проценетата вредност од општината со цената постигната во договорот“, стои во Програмата на катастарот за оваа година.
Во рамките на теренските контроли предвидено е и сликање на недвижностите. Се оценува дека со тоа би се збогатил Регистарот и би се помогнало при типизирањето на објектите, односно при одредувањето кој објект во кој модел на вреднување припаѓа.
Целта на овие активности е да се добијат точни податоци за одредена трансакција, при што би се извршила промена на податоците во Регистарот, а со тоа би се добиле квалитетни податоци за воспоставувањето на вредносните и просторните зони, но пред се би се добила цврста основа за воспоставување точни модели за масовна процена на недвижностите.
ИЗВОР: Скопјеинфо