Мала драма се одвивала во градот Агринио во западна Грција, која добила судски епилог: идниот младоженец исценирал грабеж за да ја избегне венчавката.
Како што пишува грчкиот Сити Тајмс, се започнало кога двајца мажи упаднале во куќата на една двојка со намера да ја ограбат и да одземат накит, пари и други вредни предмети. Мажот го пронашле роднините и итно бил пренесен во болница бидејќи се здобил со тешки телесни повреди.
Како непријатна последица од овој настан, откажана е свадбата на жртвата и неговата избраничка, која била закажана само два дена подоцна.
Но, неколку месеци подоцна, на полицискиот распит, во неговиот исказ биле забележани многу контрадикторности, што предизвикало сомнеж кај истражителите, а тој на крајот признал дека грабежот не се ни случил.
Тој, сепак, тврдел дека некој друг го претепал, поради лични причини, па го измислил грабежот затоа што се срамел да се појави на свадбата. Што ќе мислат невестата и нејзиното семејство за него?
Тој призна дека згрешил што не ја кажал целата вистина. Против него е поднесена кривична пријава за давање лажни изјави и измама на полицијата.
Меѓутоа, по извесно време го тужела неговата поранешна вереница, која со месеци тврдела дека грабежот и ја спречил свадбата. Таа сега е убедена дека инцидентот бил исцениран само за да нема венчавка.
Таа дури тврди дека некои вредни предмети, кои исчезнале по наводниот грабеж, никогаш не и биле вратени. Така таа остана без нив и без младоженецот.