Вработувања за воспитувачки и негувателки во занималните и градините низ Скопје треба да има веќе од следната недела, уверуваат од Министерството за труд и социјална политика.
Сите општини, помеѓу која и Карпош каде има занимални кои седат празни, а побарале согласности за вработувања, ќе добијат. Дел од родителите кои имаат повеќе пари ги запишуваат децата во приватни градинки, каде секој месец се плаќа по најмалку 13.000, ама во повеќето 16.000 или 18.000 денари. Оние кои немаат толку пари остануваат на листите за чекање во државните градинки каде за месец се плаќа по 1500 денари.
Сé уште не знае колку деца вкупно чекаат на листа за упис во градинка во метрополата, а според досегашните податоци кои ги добивме од општините, нема место за најмалку 2000 дечиња во главниот град. Листата полна детски имиња е најдолга во Аеродром, каде повеќе од 700 деца немаат каде да бидат сместени. Место повеќе се бара и во Центар каде на ред чекаат 200 деца. Надлежните велат дека нема да се испишуваат оние кои веќе ги посетуваат градинките во Центар, како што реши да прави Карпош, зошто тоа би било шок за дечињата, ама за нови уписи приоритет ќе имаат децата чии двајца родители имаат лични карти со адреса во оваа општина, за да докажат дека се жители на истата.
Дали конечно ќе се реши долгогодишниот проблем со недостаток на капицитети во Скопје?
извор: kanal5.com.mk