Како ви звучи патување во Исланд во место кое е чиста природа, создадено со силно делување на река која влева стравопочит и внимателност. Токму вакво место неодамна било откриено за светот.
Се наоѓа во источниот дел на Исланд во долината Јокулдалур под името Студлагил кањон.
Својата форма ја добил со неверојатното силно делување на реката Јокле долга 150 километри. До скоро тука живееле неколку локални фармери. Поради силината на реката и водостојот тука долго никој не доаѓал бидејќи подрачјето се сметало за премногу опасно.
Дури откако во 2009 година била изградена хидроелектрана, ситуацијата се сменила: водостојот на реката се намалил и нејзината сила веќе не била закана за луѓето. Некогашната силна река која го рушела кањонот носејќи тони песок и камења, сега е мирна, тиркизна убавица која патува полека.
Кањонот набрзо потоа почнал да привлекува голем број туристи. За прошетката потребни ви се планинарски обувки бидејќи теренот знае да биде проблематичен. За негова обиколка ви требаат два до три часа, а се препорачува да дојдете за време на Аурора Бореалис.
Тој е на тешко достапна позиција, па затоа нема премногу посетители и се наоѓа надвор од стандардните туристички рути.
Посебно внимание треба туристите да обрнат во мај и јуни кога гуските овде наоѓаат место за положување на јајцата и затоа препораките се сепак да се избегнува овој период.