Владата на Црна Гора го поддржа Предлог-законот за измени на Законот за данокот на додадена вредност, поднесен до Собранието од пратениците на социјалдемократите, со кој се предвидува продажбата на лебот да се оданочува со стапка од нула проценти, а увозот да биде ослободен од ДДВ до крајот на годината.
Во објаснувањето за причината за привременото укинување на ДДВ за лебот и увозот се наведува дека руската агресија врз Украина имала многу негативно влијание врз економските движења во Европа, нестабилноста на пазарот и растот на цените, особено на основните прехранбени производи.
Предвидено е прометот со леб да се оданочува со стапка од нула проценти, а увозот да биде ослободен од ДДВ до крајот на годинава.
извор: vecer.press