Италијанскиот производител на кондиторски производи „Фереро“ објави оглас во кој бара дегустатори кои ќе ги тестираат чоколадата, какаото, лешниците и останатите суровини што се користат за производство на слатки.
Компанијата на заинтересираните им нуди договор за половина работно време, а обврските би ги завршувале во текот на два работни дена во седиштето на компанијата во градот Алба.
Од кандидатите не се бара да имаат претходно искуство, освен да немаат алергија на храна.
Избраните кандидати во две групи од 30 септември ќе посетуваат тримесечен курс, а од нив само 40 ќе бидат избрани за дегустатори.
Досега „Фереро“ за тестирање на своите производи избираше дегустатори меѓу вработените, овојпат од компанијата одлучија да ангажираат надворешни лица поблиски до потрошувачите.
„Фереро“ освен кремот „нутела“ ги произведува и чоколадните бомбони „мон шери“, „рафаело“, и „фереро роше“, како и „киндер јајцата“.
Компанијата има годишен обрт од 10,5 милијарди евра и вработува 30.300 лица.