Европската унија ја заострува директивата за минимална плата – веќе во вторник на 7 јуни би можело да се потпише политички договор за мерка изгласана во Европскиот парламент пред речиси една година, чија цел е да се гарантираат приходи кои можат да обезбедат пристоен стандард на живеење за работниците и нивните семејства во сите европски земји.
Закон за минимална плата до денес не постои само во Италија, Австрија, Кипар, Данска, Финска и Шведска.
Во Франција, каде што инфлацијата галопира, минималецот три пати беше зголемен (вкупно за 5,9 отсто), а синдикатот кој ги штити правата на работниците се бори да достигне 2.000 евра месечно.
Во Шпанија минималната плата достигна 1.000 евра, додека во Португалија синдикатот бараше зголемување од 705 на 800 евра. Во Италија, без разлика на барањето на Европа и без оглед на огромната инфлација и долгови што ги има земјата поради пандемијата и руско-украинскиот конфликт, политичарите се поделени по тоа прашање.
Што се однесува до просечните плати, според последните проценки, Швајцарците во просек заработуваат повеќе од вработените во другите земји: 67.658,78 евра годишно, што е три пати повеќе од просечната плата на Италијанците, додека Исланѓаните, Норвежаните и Луксембуржаните заработуваат во просек по околу 40.000 евра годишно.
Просечната годишна плата во Германија е околу 31.000 евра, Французите во просек заработуваат околу 21.000 евра, исто како Италија и Шпанија, а Романците, Летонците, Унгарците и Хрватите заработуваат помалку – помалку од 10.000 евра годишно.
Според најновата анализа на Организацијата за економска соработка и развој, која го земала предвид движењето на средните приходи во Европа во последните 30 години, Италија е на незавидно место во споредба со другите земји и воедно е единствената земја каде што платите се се намалуваат наместо да се зголемуваат.
Италија забележа пад на платите за 2,9 отсто, во споредба со 6,2 отсто раст во Шпанија, 15,5 отсто во Холандија, 31,1 отсто во Франција и во Германија, 33,7 отсто.
На листата од десет земји чии вработени имаат највисока просечна заработка се: Швајцарија со 4.900 евра месечно, потоа Данска – 3.914 евра, Норвешка – 3.795 евра, Луксембург – 3.573 евра, Исланд – 3.221 евра, Австрија – 3.104 евра, Ирска – 3.104 евра, Германија – 2.952 евра, Франција – 2.791 евро и Шведска со 2.770 евра.
Швајцарија е лидер и по квалитетот на живот, не само поради високите плати туку и поради безбедноста, услугите во приватниот и јавниот сектор, како и односот на граѓаните кон природната средина.
Поради галопирачката инфлација речиси во цела Европа има пораст на платите, освен во Италија, каде и покрај огромниот пораст на цените, немаше зголемување на платите.
„Инфлацијата во еврозоната достигна 7,5 отсто, што ќе доведе до зголемување на платите за 3 отсто оваа година“, изјави Филип Лејн, економист и шеф на Европската централна банка, велејќи дека вакво нешто не се случило во последните десет години.
Во Германија 85.000 работници во челик се обидуваат да преговараат за зголемување од 8,2 отсто, додека вработените во хемискиот и фармацевтскиот сектор добија вкупно 1.400 евра. Минималната плата ќе се зголеми од 10 на 12 евра на час, а во Данска од 10 на 14 евра на час како што бара синдикатот, пишува РТС.
Генералниот секретар на Европската конфедерација на синдикати, Лука Вичентини, објасни дека „минималните плати се највисоки во Германија, Австрија и Франција, но во моментов се работи на големи кампањи во Белгија, Шпанија и Португалија на два фронта, за заштита на најсиромашните со зголемување на платите по закон“ а воедно и зголемување на платата при секое обновување на договорот“.
За разлика од повеќето европски земји, во Италија не постои т.н минимална плата и од 1990 година до денес платите се дури и намалени. Италијанските компании ја отфрлија ревизијата за зголемување на платите, Генералната конфедерација на италијанската индустрија рече „НЕ“ на барањето на министерот за труд, а половина од вработените во Италија чекаат на обновување на договорот.
Италијанската политика не е во состојба да се договори за законски стабилизирана минимална плата под која е невозможно да се спушти и која ги зема предвид трошоците за живот и растот на цените. Тоа би им помогнало на сите оние работници кои се екстремно малку платени, особено на младите.
Со оглед на инфлацијата, која во мај достигна рекорд што не е забележан од 1986 година, минимумот утврден со закон треба да биде приоритет во Италија, но за жал тоа не е така.
Ниту самите синдикати не се согласуваат за минимумот, додека Италијанците имаат јасни идеи. Според неодамнешното истражување на Институтот за истражување на пазарот, 86 отсто од испитаниците сакаат да де се воведе законски минимум.
Додека Европската унија е чекор поблиску до политички договор за директивата, европскиот комесар за економија Паоло Џентилони изјави за дневниот весник La Stampa дека куповната моќ е драстично намалена во однос на платите.
„Зголемувањето на разликите во класите станува огромно, затоа не смее да се игнорира, а потребно е да се донесе закон за минимална плата во Италија, кој ќе ги гарантира работничките права. Потребно е и зголемување на даноците на големите мултинационални компании кои излегуваат како победници од овој кризен период, пандемија, а сега и војна“, рече Џентилони.
Едно од решенијата би било да се намали данокот на плати, што има големо влијание врз италијанските плати, бидејќи разликата помеѓу бруто платата што треба да ја исплати работодавачот и нето платата што останува кај работникот е астрономска.
Што се однесува до Европа, на прво место по даноци е Белгија со 52,6 отсто, потоа Германија со 48,1 отсто, Австрија со 47,8 отсто, Франција со 47 отсто и Италија со 46,5 отсто. Но, даночните намалувања ќе ја чинат многу италијанската влада. Ако на работниците им даваа по 100 евра повеќе секој месец, државата ќе ја чини 16 милијарди евра.
Со оглед на многу ниските плати во Италија и без перспектива за младите, има голем „одлив на мозоци“, само во 2019 година 70.000 луѓе ја напуштиле земјата. Во последните 10 години, речиси половина милион млади луѓе ја напуштиле Италија за да најдат подобро платена работа во други европски земји. Најтешка е состојбата на југот каде што најмногу се чувствува недостатокот на работа.
Калкулатор за плати
Вилијам Расел создаде тип на калкулатор наречен Калкулатор за плата – Salary calculator, кој се заснова на податоците на Glassdoor врз основа на тоа кога е можно да се најдат информации за просечните плати за 36 видови работни места, од наставници до медицински сестри, адвокати и вработени во барот.
Сите плати од 38 земји, според податоците на ОЕЦД, се претвораат во долари и фунти. На пример, медицинска сестра заработува 14.000 долари во Португалија, 33.000 долари во Јужна Кореја и 66.000 долари во Соединетите држави.
И додека компјутерскиот научник кој произведува софтвер во Колумбија заработува нешто помалку од 15.000 евра, неговата плата во Швајцарија е 107.000 годишно. И иако Швајцарија е земја со најголема плата во Европа, треба да се земат предвид и многу други работи, како што се трошоците за живот во секоја земја (што е здравствено осигурување, дали е потребно да се грее поголемиот дел од годината, што дали е јавен превоз и колку е работа далеку од дома, има ли евтини летови, има ли маркет и сл.).
Во Турција, на пример, трошоците за живот се многу ниски, па платите се ниски: ако, како што пресмета Quartz at Work, адвокат во Истанбул заработува малку, околу 7.400 долари годишно, но со оглед на ниските трошоци за живот во земјата, тоа е како да заработува 64.000 долари годишно во Рејкјавик.