Обезбедете го вашето место на Регионалниот саем за вработување, место кое со години успешно ги поврзува работодавачите и барателите на работа од Македонија и регионот.
Во март 2020 година, кога пандемијата на коронавирус тропна на нашата врата, малкумина можеа да замислат дека до крајот на истата година пазарот на трудот ќе почне да закрепнува. Всушност, гледајќи го вкупниот број на огласи за работа објавени во последните две години, „закрепнување“ е можеби преблаг збор.
Сите анализи покажуваат дека побарувачката за работна сила е рекордна веќе подолго време, поради што со право можеме да заклучиме дека се бара „работник повеќе“ на домашниот и на регионалниот пазар на труд.
Од друга страна, има се помалку потенцијални кандидати за работа, особено кандидати кои би можеле да донесат додатна вредност за компанијата во која ќе се вработат и да го зајакнат тимот на кој ќе се приклучат. Ги има се помалку и тешко е да се дојде до нив.
Затоа е битно во потрагата по совршен кандидат да се тргне навреме. И уште поважно, треба да знаеме каде да бараме.
Во последните 12 години омилена онлајн дестинација на работодавачите кои бараат квалитетни вработени и вработените кои бараат промена и напредок во кариерата е Регионалниот саем за вработување, кој оваа година ќе се одржи од 17 до 21 октомври!
Зошто онлајн саем?
- Посетеност и апликации - Додека саемите за кои е потребно физичко присуство можат да постигнат само неколку илјади посети, виртуелниот саем постигнува над 120.000 посети. Саемот поттикнува поголем ангажман и го привлекува вниманието и на пасивните и на активните кандидати.
- Вредност за вложеното - Не само што заштедувате ресурси (патни трошоци, ангажман на вработени, трошоци за изработка на промотивни материјали итн.), туку за само неколку часа можете да имате персонализиран (eco-friendly) штанд, кој ќе и донесе на вашата компанија квалитетен Employer branding со минимални трошоци.
- Неограничена достапност - За разлика од еднодневните физички саеми, виртуелниот саем е активен од 0 до 24 во текот на 5 дена и достапен преку сите (десктоп/мобилни) уреди. Долгогодишното искуство резултираше со одлична платформа лесна за употреба за изложувачите и за посетителите.
Остварете 10% ПОПУСТ ЗА РАНА ПРИЈАВА до 31.8.2022! Обезбедете го вашето место на Регионалниот саем за вработување уште денес и тргнете во „лов“ на вистинските кандидати!