Ако имате потреба да излегувате од дома попладнево очекувајте нестабилно време.
Можни се поројни дождови, грмежи и ветер. Ова е прогнозата на УХМР според која нестабилноста би требало да заврши в недела.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени. УВ-индексот ќе има вредност 7.
Во Скопје ќе биде прoменливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме. Минималната температура 14, а максималната ќе достигне 27 степени.
Во петок се очекуваат пообилни количини воден талог. Дневната температура ќе биде во опаѓање. Од недела ќе има постепено стабилизирање на времето со пораст на температурата.
И во Скопската Котлина ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, повремено во форма на невреме.