Колку од вас сонуваат да го напуштат градот и да одат во дивината да ја одморат душата? Оваа жена си го исполнила својот сон.
Таа се одлучила за контејнери бидејќи лесно може да се наредат едни врз други и со тоа нејзиниот животен простор може брзо и лесно да се прошири – по потреба. Освен тоа, овие контејнери се издржливи и долготрајни и на Роузи ѝ овозможиле неверојатна удобност.
Најдобро од сè е што за овој дом не ѝ е потребна струја или вода. Роузи користи соларни плочи за производство на струја и собира дождовница, така што не ѝ е потребна градската вода – тоа значи дека нема сметки за струја и вода.
„Ако нешто му се случи на светот, јас ќе бидам добро, не зависам од никого“, вели Роузи.
Таа има своја градина, простор пред куќата каде што ужива во попладневното сонце и готви на отворен оган.
„Обожувам да готвам, па кујната е прилично голема – изненадувачки за волку мала куќа“, вели Роузи.
Куќата ја загрева со помош на шпорет на дрва, на кој понекогаш готви, а што се однесува до изолацијата, таа направила целосна заштита од влага, дожд и студ.