Во Јужна Кореја, компаниите веќе ги заменуваат работниците со роботи.
Во јануари е усвоен Закон за работни односи, којшто им овозможува на судовите да ги казнуваат директорите или високите менаџери на компании доколку работниците бидат повредени или убиени на работа. Новиот Закон предвидува и затворски казни, и тоа ги натера компаниите да вложуваат во роботи. Компаниите сега, бараат начин да имаат што помалку работници или воопшто да немаат човечки кадар во погоните.
„Низ нашата историја, секогаш наоѓавме начини да останеме во чекор. Автоматизацијата е следниот потфат во тој процес“, изјави Ким Јонг-рае, извршен директор на компанијата „Спифокс“.
Се додава дека јужнокорејските фабрики имаат недоволно висок степен на безбедност. И претходно, бројни истражувања предвидуваа дека во иднина многу професии ќе одат во историја, затоа што обврските ќе ги обавуваат роботи.