Цената на сладоледот во корнет во Русија се зголеми за околу 20% од почетокот на годината, а 100 грама сладолед поскапеа за 27%, покажуваат податоците на Atol.online.
Од јануари годинава просечната цена на 100 грама сладолед е зголемена за 27% и изнесува 61,9 рубли (околу 1 евро). Според производителите на сладолед, порастот се должи на зголемените трошоци, но велат дека немаат намера повеќе да ги зголемуваат цените.
Цената на сладоледот забележа зголемување од 9% и во 2021 година, а корнетите поевтинија за 1%.
Според Синдикатот на производителите на сладолед од Русија, зголемувањето на цената на производите е резултат на зголемените цени на суровините за 25 до 30% во споредба со минатата година. Најмногу се зголемени цените на шеќерот (од 47 рубли/кг во февруари на 90 рубли/кг во март), емулгаторите што се набавуваат од Данска и од Италија, како и на брановидните картонски пакувања. Покрај тоа, поскапеа и сите млечни производи, особено кремот и павлаката.