Точно шест недели откако ја роди својата ќерка Неве, премиерката на Нов Зеланд Јацинда Ардерн ќе се врати во својата премиерска канцеларија
Триесет и осумгодишната премиерка ќе ја превземе својата должност во моментот кога нејзиниот заменик, во моментов в.д. премиер Винстон Петерс, ќе ја напушти земјата за да учествува на состанокот на Асоцијацијата на земјите од Југоисточна Азија (АСЕАН) во Сингапур.
Премиерката ќе се врати на својата функција во моментот кога мојот авион ќе полета кон Сингапур, изјави Петерс пред новинарите во понеделник.
Во неделата, Ардерн изјави дека нејзиното семејство функционира навистина добро иако се’ уште не постои некоја рутина.
Неделата ми помина како и секоја вообичаена недела, со неколку промени, објави премиерката на своите профили на социјалните мрежи.
Премиерката Јацинда Ардерн откри дека е бремена неколку дена пред да ја положи заклетвата за преземање на должноста во есен 2017 година.
Ардерн е втора премиерка во историјата која успеала да се породи додека го ја објавувава својата премиерска должност. Пред неа, премиерката на Пакистан Беназир Бутто во 1990 година ја роди својата ќерка додека беше на државна функција.