Одење по жар - Добра идеја за лош тимбилдинг
На team building во северна Швајцарија пристигнале дури 10 возила на брза помош.
Повеќе од 30 луѓе завршиле во болница поради изгореници, откако оделе по врел јаглен како дел од тим билдинг активности, на полуостровот Ау во северна Швајцарија.
Би-Би-Си пренесува дека на 13 лица им биле констатирани тешки повреди.
На местото на настанот пристигнале дури 10 возила на брза помош. Според полицијата, групата инволвирана во инцидентот одела преку неколку метри долг слој од јаглен и набрзо почувствувала болка. Сè уште не се знае дали имало проблеми со поставувањето на јагленот или начинот на кој групата одела преку него.
Одење по слој врел јаглен, или познато како одење на оган, често е дел од мотивационите курсеви и хуманитарни настани низ Европа.
Швајцарскиот весник Blick пишува дека овој team building го организирала познатата маркетинг агенција Goldbach.