Граѓаните се комплетно збунети и воопшто не им е јасно како ќе се пресеметува струјата од следниот месец. Една од подеталните анлизи ја направил професорот Васил Шаревски од Машинскиот факултет а во текстот на Радмила Заревска- за весникот Нова Македонија па еве што вели тој...
Во врска со блок тарифите за цената на електричната енергија (во скапа тарифа), од страна на Регулаторна комисија за енергетика и водни ресурси (РКЕ) е предложено потрошувачката на електрична енергија во Блок 1 да изнесува до 210 киловатчасови месечно. Со едноставна анализа може да се утврди дека потрошувачката на просечно четиричлено семејство е значително поголема од 210 киловатчасови месечно – посочува тој за НОВА МАКЕДОНИЈА
Вели дека податоците за капацитетот на електричните уреди се дадени на секој од нив и можат да се прочитаат, па граѓаните можат сами да пресметаат колку електрична енергија ќе потрошат во текот на еден месец, а со тоа и да видат каде можат да заштедат.
– Од пресметките може да се констатира дека практично е невозможно потрошувачката на електрична енергија да биде под 210 киловатчасови месечно, односно дека најголем дел од семејствата – потрошувачите ќе бидат во Блок 2 или во Блок 3. Впрочем граѓаните ова ќе го констатираат со испорачаните сметки за месец jули – објаснува тој.
Додава дека во зимскиот период потрошувачката на електрична енергија ќе биде уште поголема во однос на летото.
– Ако не јадеме, не користиме клима и не се бањаме ќе потрошиме помалку од 210 киловатчасови во месецот, колку што е првата блок тарифа – заклучува профеосорот Шаревски.
Ова е неговата кратка анализа за ПОТРОШУВАЧКА НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ЗА ПРОСЕЧНО ЧЕТИРИЧЛЕНО СЕМЕЈСТВО:
Електричен шпорет
• просечна инсталирана моќност на рингли на електричен шпорет изнесуваат 1,2 – 2 киловати, а на рерната 2,5-3,5 киловати.
• за подготовка на еден оброк и кафе (времетраење од 3 часа) ќе се потрошат минимум 6 киловатчасови на ден.
Колку трошат Клима уредот, Електрични бојлери за тоалет и кујна,Фрижидерот, Лаптоп /Десктоп компјутер/Мобилни телефони прочитајте во целата статија на Нова МАкедонија-ОВДЕ