Дека Македонците се успешни не само кога работат во домашни фирми во земјава, туку и во странски компании, говори уште една вест која доаѓа од Хрватска
Имено, телекомуникациската компанија А1 Хрватска, која преку А1 Македонија е еден од најсериозните играчи на македонскиот пазар,објави дека нов главен финансиски директор таму ќе биде Македонецот Горан Ангелески, кој доаѓа од А1 Македонија, по долги години искуство и знаење стекнати во компанијата.
Оваа информација А1 Хрватска ја објави на социјалната мрежа Линкедин, каде информираат и дека досегашниот главен финансиски директор заминал надвор од компанијата.
„Имаме голема промена во # А1тим! По три години поминати во А1 Хрватска на позицијата главен финансиски директор, Горан Манестар кариерата ја продолжува надвор од компанијата, а на негово место доаѓа Горан Ангелески, кој беше главен финансиски директор и контролор во А1 Македонија. Со повеќе од 16 години искуство во телекомуникацискиот сектор и богато искуство и знаење на компанијата, Горан ќе придонесе за понатамошен развој на бизнисот во # А1Хрватска и # А1Македонија“, стои во објавата на А1 Хрвтска.
Ангелески е подготвен за новиот предизвик.
„Ќе продолжиме да работиме на ефикасност во управувањето со трошоците и имплементација на дигитални процеси, со цел да обезбедиме одржливост на бизнисот и да бидеме подготвени за сите надворешни предизвици“, изјавил Горан Ангелески.
Компанијата А1 Хрватска, како што пишув на Линкедин, на двајцата Горановци им посакува многу успех во новите деловни предизвици.
Текстот е превземен од faktor.mk