Платено ви е се, заработувате одличен хонорар, може да изнајмите велосипед во било кое време, имате бесплатни часови по јога и што уште не
Познато е дека технолошките компании нудат најдобри услови за своите вработени, но и за практикантите кои доаѓаат во компаниите по своето прво професионално искуство. Една таква компанија е и LinkedIn која што е позната по името на најголемата социјална мрежа за професионалци.
LinkedIn секое лето ангажира по 300 практиканти во своите канцеларии ширум светот кои се наоѓаат во Сан Франциско, Њујорк, Чикаго, Сингапур и Бангалоре.
Па, како изгледа еден ден на пракса во LinkedIn?
За најголемиот број вработени во LinkedIn, денот започнува во 9 часот наутро. Главниот кампус на компанијата се наоѓа во Сончевата долина (Sunnyvale) која се наоѓа на еден час јужно од Сан Франциско. Во него се сместени 15 различни згради и од едниот до другиот крај на кампусот може да се стигне за 15 минути.
Најголемиот дел од вработените користат електрични автомобили за да дојдат на работа, а некои доаѓаат и со воз.
Ова лето, на LinkedIn ќе му се приклучат 300 практиканти, кои ќе бидат распространети низ претставништвата ширум светот. Компензацискиот пакет за нив вклучува платено сместување, авионски билети, трошоци за домување, па дури и билети за членови од семејството за да можат да ги посетат во било кое време.
Праксата трае 40 часа неделно, но практикантите можат да си направат самостоен распоред.
Една од најдобрите работи да се работи или да се оди на пракса во LinkedIn е тоа што не постои официјален кодекс на облекување. Може да се облечете како што вас ви е најудобно.
Денот започнува со појадок и кафе којшто бесплатно го добиваат во неколкуте кафатерии или смути барови кои ги има во комплексот.
Работат на прилагодливи бироа (можат да стојат или седат).
Состаноците се одвиваат во простории со отворен концепт.
Секако, постојат и затворени канцеларии доколку сакате мир и тишина.
За да се движат во кампусот, користат велосипеди кои им ги обезбедува компанијата.
Но, секогаш може да се пешачи.
Секој ѕид во зградите изгледа уникатно.
За ручек: пица, салати, индиска храна и многу други јадења.
И десерти.
Соба за релаксација и одморање на умот.
Тие што не се за медитација можат да го искористат времето за пауза во забавните соби.
Секогаш на располагање имаат бомбони и јаткасти плодови.
На крајот на работниот ден има бесплатни јога часови, теретана и качување по вештачка карпа.
Ако останете до доцна може да си земете бесплатна вечера за дома.