Ако барате работа во една од странските фабрики во Македонија сега е вистинската шанса бидејќи се отворени 24 слободни места во 12 компании
Глобалниот производител на инфлатори за воздушни перничиња ARC Automotive Inc. нуди одлична можност за сите кои сакаат да работат на големи проекти во интернационална компанија. За своите тековни потреби, компанијата вработува MRO Clerk, Оператори на машина и Техничар за контрола на квалитет (Quality Auditor).
Kiel Group е германска компанија со свои претставништва во Полска, Турција, Холандија, Шпанија, Франција, САД и Русија и моментално има околу 1.200 вработени. Доколку сте заинтересирани за вработување на топ позиција и бројни бенефиции и можности кои одговараат на вашите квалификации, аплицирајте на огласот за General Manager во Kiel Macedonia.
Сакате да станете дел од компанија која ги снабдува најпрестижните брендови од автомобилската индустрија како што се: Ford, BMW, VW, Opel, Audi, Daimler Chrysler, Renault, Peugeot Citroen и Fiat? Сега имате шанса за тоа бидејќи компанијата COFICAB има потреба од голем број на Оператори за логистика. Вработените ќе добијат атрактивна плата, можност за развој во мултинационална средина и обука во Арад, Романија.
Бидете дел од тим со преку 10.000 вработени кој е распределен на 19 различни локации ширум светот. Бидете дел од Marquardt Macedonia! Аплицирај на огласот за Quality Planner и уживај ги сите бенефиции кои ги имаат членовите на Marquardt семејството!
APTIV е еден од најголемите добавувачи во автомобилската индустрија, што испорачува напредни електрични, електронски и безбедносни решенија за производителите на возила ширум светот. Доколку сте заинтересирани за кариера во брзорастечка интернационална компанија која нуди одлични услови, аплицирајте на следните отворени позиции: Test engineer (ICT & MOL), Test engineer (EOL), Current Product Engineer, Technician for electronic analysis of printed boards, Техничар за одржување и THT/ASSY Engineer.
Дали барате возбудлива и предизвикувачка работа? Ако одговорот е да, аплицирајте на слободните работни позиции во KOSTAL и станете дел од тимот кој произведува електронски и мехатронски производи за реномирани компании од автомобилската индстрија како што се BMW, Porsche, Daimler и Ford. Бараме Project Leader и Production Assistant.
KESSLER е компанија со 90 годишна традиција во производство на опрема и алати за машинско моделирање, брусење, електромотори, ЦНЦ машини и сензори и во Република Македонија моментално има околу 800 вработени. Ако сте заинтересирани за работа во модерна компанија, простор за кариерен напредок и плата која зависи од перформансот аплицирајте на следните работни позиции: HR Specialist и Electronics Hardware Engineer.
WIK Macedonia е дел од WIK Elektrogeräte Entwicklungs und Service GmbH којашто моментално вработува 6.000 вработени на светско ниво. За своите потреби во Македонија, компанијата има потреба да вработи HR Officer.
Американска компанија вработува и нуди одлични услови и бенефиции во Македонија! GENTHERM ви нуди можност за вработување на следните работни позиции: Maintenance mechanic и Internal Quality Engineer – аплицирајте!
Сонувате да станете дел од водечка светска компанија која е силно посветена на иновации и напредок и вработува повеќе од 60.000 вработени? Сакате интересна и динамична работа во секторот за производство и бидете директен водич на група од 15-20 оператори? Аплицирајте на огласот за Супервизор во производство во фабриката Joyson Safety Systems.
KEMET е во потрага по иновативни индивидуи со глобален мајндсет и пасија за одличен перформанс за вработување на позиција Customer Support Representative во фабриката во Македонија.
Draxlmaier е во потрага по високомотивирани професионалци кои се подготвени да се соочат со предизвиците кои ги нудат интернационалните пазари преку отвореност, флексибилност и ентузијазм. Станете дел од секторот за логистика со аплицирање на огласот за слободното работно место: Production Control Clerk JIS.
Clean Air Division на Johnson Matthey е светски лидер во производство и развој на технологии за авто катализатори. Доколку сакаш и ти да придонесеш во производството на иновативни производи кои играат клучна улога во намалувањето на штетните гасови и подобрувањето на квалитетот на воздухот и животната средина, аплицирај на едно од следните отворени позиции: Водител на линија / Line Leader и KPI Specialist.
Тимот на Vrabotuvanje.com ви посакува среќа во процесот на селекција!