Работното место за кое на Facebook му се потребни Македонци во Даблин се вика Market Specialist во рамките на тимот за Market Operations
Основната задача на овој тим е да идентификува и расреши случаеви во кои дошло до прекршување на правилата за користење на Facebook и да гради доверба и да го подобрува корисничкото искуство на оваа социјална мрежа.
Потенцијалните вработени на ова работно место ќе бидат задолжени за ревидирање на корисничките пријави за несоодветна содржина, решавање на проблеми порзани со корисничките профили, анализа на податоци и слични задачи.
Поради ова, Facebook бара луѓе кои се детално запознаени со ситуацијата во Македонија, актуелните случувања, општеството и културата и вообичаеното однесување на корисниците. Покрај одличното познавање на англиски и македонски јазик, за да аплицирате на оваа позиција ви е потребно да имате диплома за завршени додипломски или постдипломски, работно искуство од минимум 2 години и способност за стратешко и аналитичко размислување.
На Glassdoor за оваа позиција предвидената годишна бруто плата (со бонуси) изнесува околу 41.000 евра (што е околку 2.600 евра месечно во нето износ).
Доколку сте заинтересирани, огласот може да го погледнете на следниот линк.