СМАРТ потрошувачки кредит на TTK Банка АД Скопје во соработка со Триглав Осигурување Живот АД Скопје со многу нови поволности и привилегии за клиентите - најниска фиксна каматна стапка од 4,25% во првите две години и привилегирано членство во „Triglav smart“ програмата за лојалност
ТТК Банка АД Скопје, во соработка со Триглав Осигурување Живот АД Скопје, следејќи ги потребите на клиентите, воведе низа новини и привилегии за своите клиенти со цел заштеда на семејниот буџет и подигнување на свеста за здрави животни навики. Соработката нуди можност клиентите кои во наредниот период ќе склучат осигурување на животот во експозитурите на Банката да добијат единствена можност при користење на потрошувачки кредит, да користат привилегија за отплата на кредитот со најниска фиксна каматна стапка во првите две години од 4,25% за СМАРТ потрошувачки кредит. СМАРТ потрошувачкиот кредит е достапен без трошоци за одобрување и администрирање, на износ до 1.200.000 денари, без жиранти со вклучена полиса за животно осигурување од Триглав Осигурување Живот.
Корисниците кои во промотивниот период ќе склучат полиса за осигурување живот се стекнуваат со право на бесплатно користење на Триглав Смарт картичката за лојалност, која е вистинска бенефиција и нуди користење на попусти и поволности кај огромен број соработници. Програмата е новина на пазарот кај нас и е воведена исклучиво за подигнување на свеста за здрав начин на живот, здрави навики и рана превенција.
Со скенирање на QR кодот можете да ја погледнете целата листа на соработници.
ТТК Банка АД Скопје овозможува брза и едноставна постапка за аплицирање и одобрување на кредитите, на 29 локации и 24/7 поддршка преку електронското банкарство TTK E-bank и мобилното банкарство TTK M-bank чиешто активирање и користење е бесплатно.
Со вклучување на осигурувањето во својата понуда, ТТК Банка АД Скопје станува прв избор на корисниците за кредитни производи, коишто вклучуваат животно осигурување, а кои Банката ги нуди со атрактивни фиксни каматни стапки од 4,25% во првите 2 години за СМАРТ ненаменски потрошувачки кредит; 3,45% во првите 10 години за СУПЕР станбен кредит, односно 4,70% во првите 3 години за хипотекарен кредит. Кредитите со РИЗИКО кредитното животно осигурување се во понуда БЕЗ НАДОМЕСТОК за одобрување во промотивен период до 30.9.2022 година, како и други поволности во редовната понуда на овие производи, како што се: фиксни каматни стапки на подолг рок, подолг рок на отплата, поголеми максимални износи на кредит, без трошоци за администрирање и без трошоци за предвремена отплата на кредитот.
Со РИЗИКО животното осигурување на Триглав осигурување Живот се добива кредитна заштита, којашто значи дека, во случај на несакан настан (смрт) на осигуреното лице, семејството не ги наследува кредитните обврски по основ на кредитот, а дополнителна придобивка е покривање на ризикот од Ковид-19.
Имајќи го клиентот во својот фокус, ТТК Банка АД Скопје постојано ја развива својата експертиза во креирањето производи коишто директно комуницираат со потребите на клиентите и можните ризици, сè со цел да им помогне на клиентите да инвестираат во сопствената иднина.
Повеќе информации за понудата и за промотивните кредитни услови се достапни на интернет-страницата на ТТК Банка АД Скопје, во експозитурите и филијалите на Банката, како и преку апликацијата за мобилно банкарство TTK M-bank.