Корисниците почнаа да пријавуваат проблеми што се појавуваат при испраќање директни пораки, а се чини дека проблемот сè уште не е решен.
Сè уште нема официјално соопштение од Instagram, а фрустрираните корисници започнаа вистинска војна со мемиња на Twitter против сервисот и актуелниот проблем со кој се соочуваат.
За потсетување, повеќето корисници кои го имаат проблемот известуваат дека вчитувањето на нивните директни пораки (DM) не работи како што треба, додека други велат дека не можат да испраќаат пораки или тие целосно исчезнуваат.
Проблемите со директните пораки најверојатно се дел од грешка на серверите на Instagram, а популарната платформа најверојатно работи на поправка што треба да се појави наскоро.
Во меѓувреме, ако сте нетрпеливи, можете сами да пробате неколку вообичаени решенија додека не пристигне официјален patch за проблемите.
Затворете ја апликацијата и стартувајте ја повторно. Прво, обидете се целосно да ја исклучите апликацијата. На вашиот телефон, можете да го направите ова со лизгање нагоре на почетната страница.
- Одјавете се од апликацијата. Некои корисници известуваат дека кога ќе се одјават од апликацијата и ќе се логираат повторно, Instagram повеќе не прави проблеми.
- Избришете ја апликацијата. Обидете се да ја избришете апликацијата од вашиот уред и потоа преземете ја повторно од соодветната продавница.
- Користете ја најновата верзија. Проверете дали има ажурирања на Instagram што сè уште не сте ги инсталирале.
- Исклучете го телефонот. Ова е класично решение, но понекогаш само треба да го исклучите и повторно да го вклучите телефонот за да го решите проблемот.
извор: kajgana.com