Дури и со положен возачки испит не да можете да бидете „целосно опуштени“. Постојат некои ограничувања во однос на управувањето на возило кога станува збор за возач – почетник
Според Законот за безбедност во сообраќајот и патиштата Возач – почетник кој поседува возачка дозвола од категориите „А1“, „А2“, „А“, „Б“, „Ц1“ и „Ц“ не смее да управува со возило со брзина поголема од 60 km/h на јавен пат, односно со брзина поголема од 80 km/h на пат наменет исклучиво за сообраќај на моторни возила, односно со брзина поголема од 100 km/h на автопат.
Не смее со возилото да влече приклучно возило или да врши организиран превоз на деца, во рок од две години од денот на издавање на возачката дозвола.