Трките со бикови, вкупно осум, на улиците на старата населба Памплона, на трасата долга 800 метри, почнуваат во четврток и ќе траат седум дена.
Неколку илјади луѓе во бела облека и со црвени марами ги исполниле улиците на шпанска Памплона за да го прослават почетокот на фестивалот на трчање со бикови Сан Фермин, прв од избивањето на пандемијата на коронавирусот.
Ни слабиот дожд не го расипал расположението на групата луѓе која се собрала на улиците во градот на северот на Шпанија.
Нивната облека и пред краткиот дожд била намокрена со црвено вино и сангрија, кои се точат во текот на 7-дневниот фестивал кој го популаризирал Ернест Хемингвеј во својот роман "Сонцето повторно се раѓа" од 1926-та година.
Фестивалот не беше одржан во 2020-та и 2021-ва година поради ограничувањата во текот на пандемијата.
Трките, во текот на кои наменски одгледани борбени бикови и тркачи трчаат низ тесните улици на старата населба во Памплона на траса долга 800 метри, почнуваат во четврток и ќе траат седум дена.
Вкупно има осум трки, а обично секоја трае три до пет минути. Биковите навечер завршуваат во арена, каде на крајот се убиваат.
Најмалку 16 тркачи настрадале во текот на претходните години, а последна жртва бил маж кој бил избоден од бик во 2009-та година.