Според податоците објавени од „Glance“, корисниците во просек го отклучуваат својот паметен телефон 70 пати на ден, а девет пати од 10 прво гледаат во заклучениот екран на телефонот
Корисниците на паметни телефони кои користат „Google Android“ би можеле за два месеци наместо омилената фотографија да гледаат реклами. Барем во Соединетите Американски Држави.
Како што објави „TechCrunch“, индиската рекламна компанија „Glance“ е во преговори со американските телекомуникациски оператори за лансирање на неколку модели на паметни телефони кои ќе прикажуваат реклами и промотивни пораки на заклучените екрани.
„Динамичниот“ заклучен екран на „Glance“ би прикажувал вести, видеа, игри и реклами, кои корисниците би ги гледале пред да го отклучат телефонот. Секако, во зависност од навиките и желбите на корисникот, содржината ќе се прилагодува. Рекламите може да се исклучат, но корисниците треба да навлезат малку подлабоко во поставките на телефонот за да го направат тоа.
Идејата за огласи на заклиучениот екран можеби звучи одбивно, но добволно е да се напомене дека во Азија, во оваа услуга „уживаат“ околу 400 милиони корисници на паметни телефони.
А дека и „Apple“ го следи истиот пат, говори информацијата според која новата верзија на „iOS“ ќе има можност да прикажува содржина на заклучениот екран. Точно, од „Apple “изјавија дека под „содржина“ подразбираат вести, известувања, календар, пораки и слично. Но, тие не кажаа јасно дека нема да има реклами.
На крајот на краиштата, заклучениот екран е неискористено богатство за огласувачите. Според податоците објавени од „Glance“, корисниците во просек го отклучуваат својот паметен телефон 70 пати на ден, а девет пати од 10 прво гледаат во заклучениот екран на телефонот.