Најмалку десетици илјади корисници низ светот попладнево не можеа да се вклучат на социјалната мрежа Твитер, јави Скај њуз.
При обид да се вклучат, страницата покажуваше знак за грешка и бараше од корисниците да се обидат повторно.
Ова е прв голем прекин на Твитер по проблемите во САД во февруари поради техничка грешка.
На 4 октомври 2021 година, Фејсбук, Инстаграм и Ватсап беа недостапни во временски период од шест до седум часа, потсетува британскиот медиум.
Медиуми коментираат оти не се знае дали денешната пречка е поврзана со откажувањето на Илон Маск да го купи Твитер.
Во саботата, Маск се повлече од договорот да го преземе Твитер за 44 милијарди долари.