Посетителите и жителите на Египет повеќе не мора да ги кријат фотографиите од египетските улици, откако Министерството за туризам објави дека сега е дозволено аматерско фотографирање на јавни места во земјата.
Странските влогери и инфлуенсери последните месеци алармираа на праксата на египетските власти да ги спречуваат луѓето да фотографираат и да прават видео-записи, дури и на туристички локации, како да ја конфскуваат опремата за камерата, пишува Гардијан.
„Фотографирање со сите видови традиционални камери, дигитални камери и видео-камери ќе биде дозволено бесплатно. Не ви треба претходна дозвола“, се вели во соопштението од Министерството.
Понекогаш египетските власти не дозволување снимање ни со дозвола.
Сепак, забраната останува за снимање деца и за комерцијална употреба.