Ова се новите цени
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука според која се намалуваат цените на горивата, од ноќеска на полноќ.
Бензините поевтинуваат за 2 денари од литар, додека дизел горивото за 2,5 ден.
Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 96,5 денари/литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 99 денари/литар. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава по 97,5 денари/литар. Екстра лесното масло за домаќинство Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) по 96 денари/литар.
Цената на мазутот се зголемува за 1,011 ден/кг и ќе изнесува 52,466 ден/кг.