Ваквите барови никнаа низ главниот град откако Тајланд го декриминализираше канабисот во јуни, неколку недели по укинувањето на ограничувањата на „Ковид-19“ за странските посетители.
Бројот на странски туристи се намали на два милиони во првата половина од оваа година, од речиси 40 милиони во 2019 година, а сопственикот на канабис-кафулето „РГ420“ Онг-ард Панјачатиракса и другите со слично размислување ги гледаат нивните кафулиња како главен поттик за заживување на туристичката индустрија, која носела околу 12 отсто од бруто домашниот производ пред пандемијата.
Сепак, не се согласуваат сите.
Во 2018 година, Тајланд стана првата земја од Југоисточна Азија која ја легализираше марихуаната за медицинска употреба. Во јуни целото растение канабис беше декриминализирано. Ова доведе до раст на неговата рекреативна употреба, која владата се обиде да ја обесхрабри првенствено поради загриженоста за негативните ефекти врз здравјето и продуктивноста често поврзани со неконтролираната употреба на дрога.
Собраниските комисии расправаат за предлог-законот за регулирање на употребата на канабис, кој се очекува да биде финализиран во септември и може да влијае на кафулињата за канабис.
извор: kanal5.com.mk