Долгоочекуваното отворање на продавницата од 2.300 m² ќе биде во „Ист гејт мол“ во Скопје -таму подготовките се при крај
- Многу сме среќни што ја отвораме првата продавница на H&M во Македонија. Верувам дека ќе биде омилена моднадестинација за сите оние што сакаат да изгледаат и да се чувствуваат добро - изјави Мина Карлберг, менаџер за продажба на H&M Грција, одговорна за пазарите во Грција, Кипар, Бугарија, Хрватска, Србија, Грузија, Босна и Херцеговина и Македонија.
Официјалното отварање на првата продавница на H&M е закажано , во Ист Гејт Мол Скопје, на 18 август во 10 часот наутро. Купувачите ќе имаат можност да добијат попусти до – 50% на одбрани парчиња, во периодот од 18 до 21 август. Исто така, на денот на отворањето, првите 100 купувачи ќе добијат H&M картички за подарок во вредност од 15.000 денари за првиот во редицата, 10.000 денари за вториот, 6.000 за третиот и по 1.000денари за останатите
Продавницата H&M во Скопје ќе понуди широк избор на производи по најновите трендови, како и безвремени класици,кои ќе бидат инспирација за клиентите да го креираат својот личен стил.
Hennes&Mauritz (H&M) AB (publ) е основана во Шведска во 1947. Бизнис концептот на компанијата е современа мода и квалитет по најдобра цена. Групацијата H&M има приближно 2.700 продавници на 48 пазари, вклучувајќи ги и пазарите за франшиза.