Холивудскиот глумец Џон Макович ќе гради филмски студија во Скопје во кои ќе се снимаат холивудски филмови. Во изјава за МРТ рече дека филмските студија ќе се изградат во околината на градот Скопје, во рамки на проектот „Скопје технолошки парк“.
„Би сакал да ги поздравам моите македонски пријатели и да ви кажам колку сум возбуден што ќе соработувам со своите колеги професионалци Д.В. Мафет и Мет Дилон на создавање филмско, музичко и медиумско студио од холивудски калибар, со сертификат за еколошка градба во Скопје. Прво студио од ваков тип на целиот Балкан“, рече Малкович.
Најави дека ќе го посети Скопје откако ќе биде одобрен проектот „Скопје технолошки парк“.
„Решивме да го наречеме проектот „Стоунбриџ студија“ во чест на богатата култура и неверојатната историја на македонскиот народ“, дополни Малкович.
Порача дека како балканец по потекло му придава специјално значење на овој проект.
„Возбудени сме не само затоа што ќе работиме и ќе снимаме холивудски филмови во Скопје, туку ќе помогнеме уште повеќе да се зајакне балканскиот филм, како и музичките и уметничките заедници на секој можен начин. Цврсто верувам дека проектот ќе биде од клучно значење за земјата и ргионот“, рече Малкович.
Тој деновиве е во посета на Србија, кеде што во Феликс Ромулијана, римско наоѓалиште покрај Зајечар, ќе глуми во претставата „Пеколна комедија – исповед на серискиот убиец“.