„Виз Ер“ во зимската сезона за летање од Скопје ќе има една линија помалку
Wizz Air го финализираше својот распоред за зимската сезона за базата во Скопје, кој започнува на 30 октомври, оваа година и завршува на 25 март, следната година. Унгарскиот нискобуџетен превозник ќе сообраќа на 30 линии од Скопје во текот на сезоната, една помалку од оваа летна сезона. Релацијата Скопје – Малта е таа што не е спомената во распоредот на зимско-сезоната. Летовите на оваа релација ќе престанат на 29 октомври и се очекува да бидат обновени следната летна сезона. Летовите за Братислава ќе се зголемуваат три пати неделно во текот на зимската сезона.
Од 31-ви октомври, авиокомпанијата ќе ги отстрани трите авиони Ербас А321 со 230 седишта од базата и ќе ги замени со Ербас А321нео со 9 седишта поголем капацитет од А321.
Wizz Air ќе работи со различен распоред во периодот декември – јануари и во него некои линии ќе се зголемат, а на некои ќе го променат денот на летање.