По последната вчерашна одлука на регулаторната комисија за енергетика, на полноќ стапија на сила новите цени на нафтените деривати.
РКЕ одлучи да поскапи бензинот, додека дизелот до следната промена на цената на горивата ќе се точи по стара цена.
Тоа значи дека на бензинските станици ширум државата од денес.
ЕУРОСУПЕР БС–95 чини 88,50 ден/лит, додека ЕУРОСУПЕР БС–98 ќе се точи за 91,00 ден/лит,
ЕУРОДИЗЕЛ (Д–Е V) останува 90,00 ден/лит.