Владата донесе мерки за заштеда на струја до 15 отсто – за домаќинствата и компаниите се предвидени препораки, а за државните институции конкретни задолженија кои мора да се испочитуваат зашто во спротивно ќе следуваат санкции.
Препораките и мерките за штедење на струја ќе важат од 1 септември годинава до 30 март следната година.
Бојлерот вклучувајте го само по потреба, користете го сонцето колку може повеќе за затоплување на домот, а гралките користете ги разумно. Ова се дел од препораките за штедење на енергија од 15 отсто за домаќинствата.
Во делот на јавните патишта треба да се намали осветлувањето до минимален сигурносен обем на осветлување улици, плоштади и други објекти.
Целиот текст можете да го прочитате ТУКА: biznisvesti.mk