Од недела услови за нестабилност ќе има претежно во западните делови, освен во понеделник кога ќе биде нестабилно на повеќе места во земјата. Од сабота дневната температура постепено ќе се покачи, соопшти УХМР.
Во изминатите 24 часа најмногу дожд, 35 литри на квадрат, навранало во Тополчани, 26 во Струмица и Крушево, 25 на мерна станица Пожар, 22 во Гевгелија и Прилеп, 21 во Тетово, 19 литри на квадратен метар во Дебар, 16 во Демир Капија, 14 во Битола, 13 во Штип, 12 во Пожаране, Скопје-Зајчев Рид и на Попова Шапка, 9 во Куманово, 8 во Маврово, 7 во Берово, 6 во Охрид, 3 во Виница, 2 литра на квадрат дожд се измерени во Скопје-Петровец, Крива Паланка и Претор.