Во ерата на дигиталната економија, се отвора нова можност за работа која не е зависна од фиксна канцеларија, со флексибилни работни часови и слобода во начинот на работење. Интернетот, новите алатки за комуникација и соработка помогнаа да се створи нов начин на работа и lifestyle наречен дигитално номадство.
Дигитални номади се индивидуални професионалци кои со помош на новите технологии заработуваат и живеат како номади. Тие ги менуваат традиционалните работни места и осмислуваат како тие би можеле виртуелно да функционираат. Користејќи ги нивните (пред се IT) вештини, дигиталните номади ја уживаат можноста за живеење во нова средина и култура.
Работа која не е зависна од фиксна канцеларија и работни часови, слобода во начинот на работење, добар и брз интернет и вешто користење на дигиталните алатки. Сите овие се карактеристики на новиот начин на работа, наречен дигитално номадство. Пандемијата само придонесе да расте стапката на вработени од далечина, каде токму работните часови и локација се комплетно независни.
Инаку, дигиталните номади заработуваат од било која работа која е независна од локацијата вклучувајќи блогирање, веб дизајн, оналајн коучинг, маркетинг, финансиско планирање, инвестирање, графички дизајн, преведување, организирање на тренинг обуки, и друго. Во моментов некои од најатрактивните локации за дигитални номади се Естонија, Тајланд, Кипар, Норвешка, Португалија, Британија.
Ако сте од Македонија, а сакате да живеете во друга земја и да работите онлајн, можете да престојувате таму со дигитална номадска виза. Секако во зависност од земјата, бидејќи оваа виза не е воведена низ целиот свет. За да добиете дигитална номадска виза условите за аплицирање вклучуваат доказ за работа на далечина, доволен годишен приход, здравствено осигурување, потврда за неосудуваност и договор за престој.