Извозот на струја од Грција за нејзините соседи на север бил зголемен во јули, а се очекува истиот тренд да продолжи. Од традиционален увозник на струја, Грција неочекувано стана извозник и им помага на Македонија, Србија, Косово, Албанија и Бугарија да се справат со недостигот на електрична енергија
Според порталот, Србија, Македонија и Косово поради недоволните количества јаглен, но и поради техничките проблеми во термоелектраните морале да го намалат производството на струја и да го зголемат увозот.
Како што објавува Независниот оператор за пренос на енергија (ИПТО), во јули Грција извезла над 500 GWh од кои 351 во Италија, 253 во Албанија и 185 GWh во Македонија.
Проценките се дека во август извозот е поголем, но податоците ќе се објават во наредниот период, а објаснувањето за сегашната состојба е следно: Интерконекторот меѓу Грција и Италија не е функционален од 19 август до 3 септември поради технички проблеми. Со оглед дека Италија директно зависи од растот на цената на струјата во Франција, Грција успева да одржи пониска цена од Италија. Па така, на 26 и 27 август разликата меѓу Грција и Италија била 300 евра по мегават/час, додека на 29 август разликата била 40 евра што е доволно за профит на трговците и извозниците.
„Фактот дека Грција одржува пониска цена од Италија значи дека може да извезува повеќе струја во Албанија и Северна Македонија, сѐ додека нивните интерконекции го поддржуваат тоа.
Податоците што ги објави ИПТО покажуваат дека во петокот минатата недела Грција извезла 129 MWh во Македонија, 130 во Албанија и 20 во Бугарија. Во понеделникот пак, во Македонија биле извезени 288 MWh, а во Албанија 159.
Извор: www.mkd.mk