Најмногу отворени места има во секторот за софтверски инженеринт – дури 368, а се бараат и 204 нови вработени во секторот за право, финансии, одржување и администрација
Facebook во скоро време сака да ја зголеми својата работна сила за нови 3.000 вработени, а причината за овој потег е постојаното ширење на компанијата на нови подрачја.
На почетокот на 2018. година, бројот на вработени во Facebook изнесуваше околу 25.000, а како што гледаме денес, виртуелната реалност, вештачката интелигенција и новите центри за чување на податоци ја зголемуваат потребата од нов човечки капитал за дури 12% од вкупниот број на вработени.
Помеѓу активните огласи за вработување, најмногу слободни места има во секторите за софтверски инженеринг (368), продажба и маркетинг (338), онлајн операции (280), право, финансии, одржување и администрација (204) и безбедност (79).
Facebook започна да работи во 2004. година со само 7 вработени, за потоа со секоја измината година експоненцијално да го зголеми бројот на враобтени. Се очекува до крајот на 2018. година компанијата да се приближи до бројка од 30.000 вработени.
Сите огласи за вработување во Facebook може да ги видите на Facebook Careers.
Прочитај и: Facebook вработува Македонци во Ирска, месечна плата околу 2.600 евра