Гласините за серијата „iPhone 14“ продолжуваат да се шират, а официјалното претставување е само уште еден месец. Најновите информации што се појавија ни даваат идеја за тоа што можеме да очекуваме од главната камера на моделите на „iPhone 14 Pro“.
Според изворот кој разговарал со познатиот аналитичар „LeaksApplePro“, сензорот за главната камера од 48 MP, кој ќе биде претставен на моделите „Pro“ во оваа година, е „најдобра во паметен телефон, ако има доволно светлина“, што звучи ветувачко.
Помалку ветувачка вест е дека ноќниот режим има „некои проблеми“ што треба да се решат пред да биде готов, а моментално е полош од „iPhone 13 Pro“. Треба да се има на ум дека „iOS 16“ се уште се тестира, па веројатно е дека оптимизацијата е во планот на компанијата.
Истиот извор потврдува дека моделите на „iPhone 14 Pro“ користат дизајн со пилула и дупка во горниот дел на екранот, наместо засекот, кој останува на обичните „iPhone 14“ уреди кои не се „Pro“ оваа година. Сепак, тоа „не додава ништо ново“ според изворот.
Се вели дека траењето на батеријата е уште подобро во оваа година, со тоа што „iPhone 14“ наводно додаде уште неколку часа користење („iPhone 13 Pro“ рекламира 22 часа репродукција на видео, за споредба).
Звучниците, исто така, наводно се подобрени со подобар бас и поголема јасност на звукот. Што се однесува до квалитетот на екранот, се вели дека е во голема мера споредлив со екраните на моделите на „iPhone 13 Pro“.
Мора да почекаме до средината на септември и да се увериме во оваа информација. Сепак, како што наведуваат некои други извори, само „iPhone 14“ ќе чини исто како и неговиот претходник, додека моделите „Pro“ се очекува да пораснат.