Во 2021 година, заедничките приходи на терестријалните телевизии кои емитуваат програма на територијата на целата држава: Телма, Сител, Канал 5, Алсат Ми Алфа, значително се зголемиле во однос на претходната година (за 24%) и оваа година изнесуваат 1.200,01 милион денари, стои во Анализата на Агенцијата за аудио и аудиовизулени медиумски услуги. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Алсат-М лани со најголема добивка, колкава е добивката на Сител, Канал5, Алфа и Телма “Пораст на вкупните приходи има кај сите пет телевизии, но најголемо зголемување има кај Алсат М – за 31% и кај Алфа – за 30%.
Во вкупните приходи на овие телевизии е опфатена и финансиската помош од државата, во висина од 41,9 милиони денари за сите пет телевизии, како поддршка за справување со кризата од пандемијата.
ТВ Алфа е единствената телевизија којашто прикажала приходи од продажба на содржини.
Оваа година, пад на уделот во приходите од рекламирање има кај Алфа – од 12% на 5%, и кај Телма – од 12% на 10%, а уделот на останатите три телевизии се зголемил за по два процентни поени“, стои во Анализата.
Целиот текст на: emagazin.mk