Во текот на август, Лада забележа раст на продажбата од дури 75 отсто, бидејќи владината програма за субвенционирање успеа да ја зголеми побарувачката во земјата.
Руската марка минатиот месец продаде вкупно 18.087 патнички автомобили, што е скок од 75 отсто во однос на јули. И додека продажбата е намалена за 7 отсто во однос на август минатата година, тоа е најдобрата месечна продажба на Лада.
Претседателот на АвтоВАЗ, истакна дека продажбата на два модели на Лада, Грант и Нива, веќе го достигнала нивото пред оваа криза, што го означи како важен чекор за оваа компанија кон закрепнување.
Компанијата, која вработува околу 42.000 луѓе, рече дека владината програма за субвенционирање за помош за купување нови автомобили помогнала во зголемувањето на побарувачката. Рускиот автомобилски сектор, кој е силно зависен од странски делови и глобални синџири на снабдување, практично запре кога беа воведени санкциите кон Русија.
На пример, производството на автомобили во Русија падна за 97 отсто во мај, бидејќи многу компании, како што е АвтоВАЗ, беа принудени да затворат фабрики и да им понудат на работниците отпремнини за да ја напуштат компанијата. Сепак, треба да се напомене дека автомобилите што моментално ги произведува Лада се всушност без бројна опрема како ABS, ESP, воздушни перничиња и електрични прозорци.
извор: biznisinfo.mk