Хрватска сигурно ќе се соочи со недостиг на шеќер, еден од трговските синџири веќе има ограничена продажба, а истото наскоро ќе се случи и во другите продавници, вели Мартин Евачиќ, член на Извршниот комитет за трговија на Хрватската асоцијација на претприемачи и претседател на „Национален малопродажен синџир“.
Причина е замрзнатата цена на шеќерот во владиниот пакет мерки усвоен во четвртокот и чија примена почна денеска, пишува „Јутарњи лист“.
„По затворањето на две мелници за шеќер, остана само таа во Жупања, која едвај задоволува третина од потребите, па затоа увезуваме шеќер бидејќи нема избор. Цената на шеќерот на европската берза моментално е нешто повисока од едно евро, а додека за него плаќаме ДДВ, што за нас е нето загуба. Веќе ќе изгубиме и од она што го имаме на залиха, а кога ќе се стопат залихите, продажбата на шеќер ќе биде чиста загуба што трговците нема да можат да си ја дозволат, па ќе нема шеќер“, вели Евачиќ.
Тој објаснува дека во фабриката за шеќер во Жупања се произведуваат 30.000 тони шеќер годишно, додека потрошувачката е 120.000 тони.