![Доколку работодавачот ги бара од вас овие податоци, според закон следува парична казна!](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/fc/16bf80cf-resize-820x0x100.jpg)
Експертите се согласни во едно - биометриските податоци се меѓу најчувствителните и нивната употреба е спротивна на законот.
- Дознаваме дека еден Здравствен дом воведува употреба на биометриски податоци за влез на работното место. Тоа значи дека со помош на камера и технологија се чита ликот и на тој начин се гледа кој дошол на работа. Со овие информации се обративме до надлежните институции со цел да се започне инспекциски надзор, бидејќи ваквата обработка на податоците е противзаконска, изјави еден од експертите.
- Ова се најчувствителните лични податоци, има многу поедноставни начини за регистрирање на вработените – додава друг.
Законот вели дека обработката на личните податоци мора да биде во согласност со истиот. Постои лиценцирана агенција која инсталира видео надзор, тоа не го може и не смее да го прави секој.
Според законот во Србија, деловните лица кои го прекршуваат истиот мора да платат и до 2.000.000 динари.