Се уште сме далеку за да го достигнеме нивото пред пандемијата, сите други земји ги достигнаа бројките од 2019 во туризмот, реагираат од Стопанската комора. Хотелите на езерата, на пример, во Охридско и Струшко, бележат намалување за 140 000 ноќевања во споредба со 2019- та.
Од теливизија telma.com.mk известуваат:
Вкупниот број на туристи во првите седум месеци од оваа година споредено со истиот период 2019- та е помал за 127 илјади туристи или за 260 илјади ноќевања што е пад од 30%. Ако се анализира каде ноќеваат странските туристи 94% се во хотелите. Е сега ако се земе предвид дека имаме пад од 30 % на странски туристи и ноќевања очигледен е негативниот ефект врз хотелиерството, вели Даниела Михајловска Василевска, Стопанска комора на Северна Македонија
Скапата струја и недостигот на кадар и натаму се меѓу најголемите проблеми. Здружението за угостителство и туризам при Комората воедно изготви и План за интензивен економски раст и унапредување на извозот преку туризмот.
Инвестиција во 4 кревети за сместување на туристи претставува еквивалент на едно вработување. Соодветно проектирани мерки и политики можат да обезбедат дополнителен смстувачки капацитет за 60 000 кревети дисперзирани низ целата територија на Република Македонија, смета Ана Таневска- Георгиевска , претседателка на Здружение за угостителство и туризам при Комората
Досега Македонија како дестинација не го искористи потенцијалот на регионалните пазари, ниту пак на домашниот пазар, забележа Таневска Георгиевска и потсети дека единствен сектор што може да ги надомести економските загуби на краток рок, е туризмот.
Извор: telma.com.mk