Полициската статистика вели дека есента е време кога расте бројот на таканаречените „ситни кражби“. Има повеќе причини - луѓето се вратија од одмор, има голем број настани во градот, многумина се вратија од одмор, учебната година почна, па секаде има повеќе гужва. Ова ги поттикнува крадците кои бараат токму такви места. Граѓаните велат дека посветуваат поголемо внимание, но сепак тие се случуваат.
Неофицијално, како што дознаваме од надлежните, најмногу се крадат - колички за бебиња, алат од автомобил, велосипеди, противпожарни апарати во згради, дури и на места каде што има надзорни камери.
Секоја кражба е кривично дело. Честопати, видео снимката не е доволна за да се осуди некого, но приватната снимка може да се користи во истрагата. Граѓаните сè почесто користат мобилни телефони за снимање на извршување на кривично дело.
Секој граѓанин може да поднесе видео преку медиумите, преку интернет или социјалните мрежи и истото мора да се земе како доказ, велат надлежните.
За кривичното дело кражба законот предвидува парична казна или затвор. Практиката покажа дека видеата од камерите за надзор помогнаа да се решат многу случаи.